Барселона сака спектакуларно засилување во нападот, Лапорта ги направил првите контакти

by Стефан
1 минути читање
Лапорта

Барселона ја разгледува можноста да го ангажира капитенот на англиската репрезентација и најдобриот стрелец во историјата на Англија, Хари Кејн. Според информациите на британските медиуми, каталонскиот гигант веќе воспоставил контакт со претставниците на искусниот напаѓач, но официјалните разговори се очекува да започнат по завршувањето на Светското првенство.

Во моментов, Кејн е целосно фокусиран на настапите за Англија, а потоа ќе ја разгледува својата иднина во Баерн Минхен. Тој неодамна најави дека по Мундијалот ќе седне на преговарачка маса со германскиот шампион околу можноста за продолжување на договорот.

Токму тоа сака да го искористи Барселона. Според „Дејли Мејл“, каталонскиот клуб повторно го активирал интересот за 32-годишниот голгетер, кој има уште една година од договорот со Баерн. Во исто време, раководството на Барса работи на финансиска конструкција што би овозможила реализација на ваков амбициозен трансфер.

Кејн е задоволен од животот и кариерата во Минхен, а Баерн нема намера лесно да се откаже од својата најголема ѕвезда. Сепак, евентуалната желба на самиот фудбалер би можела да одигра клучна улога доколку добие понуда што ќе го задоволи.

Според истите извори, агентите на Кејн засега одбиле средба со челниците на Барселона, инсистирајќи сите разговори да бидат одложени до крајот на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×