Уште една шаховска партија во најава: Кој ќе игра финале – Арсенал или Атлетико?

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал и Атлетико Мадрид вечерва ќе ја водат клучната битка за пласман во финалето на Лига на шампиони, откако првиот меч заврши без победник 1-1.

По тврдата и тактичка пресметка во Мадрид, каде двата тима повеќе внимаваа на грешка отколку што ризикуваа, сега сцената се сели во Лондон, каде што се очекува нешто поотворен натпревар.

Тимот на Микел Артета ќе се обиде да го искористи домашниот терен и поддршката од трибините, но против себе има противник кој е мајстор за вакви нокаут пресметки. Составот на Диего Симеоне е познат по дисциплината, цврстата одбрана и опасноста од контранапади, што и овојпат може да биде клучен фактор.

Арсенал ќе мора да најде начин да го пробие блокот на „јорганџиите“, додека Атлетико ќе чека своја шанса од транзиција, па јасно е дека нè очекува уште една неизвесна и тензична пресметка.

Според букмејкерите, Арсенал важи за голем фаворит поради домашниот терен и сезоната која ја игра. Тимот од Лондон веќе го победи Атлетико на „Емирати“ сезонава, во регуларниот дел и тоа со огромни 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×