Диего Форлан е пред преземање на уругвајската репрезентација, откако Фудбалската федерација на Уругвај го избра за наследник на Марсело Биелса.
Претседателот на федерацијата Игнасио Алонсо потврди дека преговорите се во завршна фаза и дека поранешниот голгетер најпрво ќе добие привремен мандат. Форлан ќе ја предводи селекцијата на претстојните натпревари, по што ќе биде донесена одлука дали ќе остане на функцијата и на подолг рок.
Легендарниот напаѓач зад себе има 112 настапи и 36 голови за националниот тим, но тренерското искуство му е ограничено. Досега ги водеше Пењарол и Атлетико Атенас во својата татковина.
Форлан го презема Уругвај по разочарувачкиот настап на Светското првенство, каде што „Ла Селесте“ не успеа да ја мине групната фаза. Одлуката за неговата иднина би можела да зависи и од претстојните избори во Фудбалската федерација на Уругвај, кои се закажани за крајот на годината.