62
Арсенал наиде на
нескојдневен проблем во пресрет на дуелот со Блекпул во ФА Купот. „Топчиите“
мораа подоцна да тргнат кон стадионот откако еден навивач си седна на кровот на
нивниот автобус.
Фановите на
Блекпул се во „војна“ со сопствениците на клубот, семејството Ојстон, и
најавени се протести за денешната пресметка со Арсенал.
Еден фан беше малку
иновативен па се качи на кровот на автобусот со кој Емери и неговите играчи
требаше да тргнат од хотелот, мирно си седеше а во еден момент им мафтна и на насобраните луѓе. Веднаш била повикана полиција и втор
автобус кој ќе треба да ја пренесе експедицијата на „топчиите“.