Укпа не добил виза од германските власти и остана во Скопје во очекување дека во „пет до 12“ ќе добие виза, но одговор за забраната нема и веќе извесно е дека стружани ќе мора без него да ги бранат скопските 3-1 од пред една недела.
Ова е втор случај летово странец во Македонија да не добие виза, откако Алжирецот Валид Хамиди остана во Скопје и не беше дел од дуелот на Шкупи во Литванија против Хегелман (5-0). Хамиди во меѓувреме си замина од Македонија и е дел од косовски Балкани.
Ако стружани успеат да го заверат плејофот во Конференциска лига, веќе извесно е дека за пласман во групната фаза ќе се борат со исландски Брејдаблик, кој на првиот меч со Зрињски загуби со 2-6 во Мостар.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.