69
УЕФА од засега непозната причина реши во последен момент да го промени судијата на мечот меѓу ЦСКА и Македонија ЃП.
На местото од Британецот Дејвид Кур, правдата ќе ја делат романски судии на чело со Марсел Бирсан.
Интересно, Бирсан и минатото лето ѝ судел на ЦСКА Софија во реванш од второто квалификациско коло од Конференциската лига. Тоа било дуел против Лијепаја од Летонија, и таму првиот меч завршил 0-0.
Немало голови и на реваншот кој го судел Романецот, а ЦСКА Софија победила на пенали со 3-1 и се пласирала понатаму.