Европската фудбалска федерација (УЕФА) со цврста рака удри по Фудбалскиот сојуз на Хрватска поради сериозните инциденти што ги предизвикаа навивачите на „коцкестите“ за време на четвртфиналниот двомеч против Франција во Лигата на нации.
Иако Хрватите славеа со 2-0 во првиот натпревар, Французите возвратија со идентичен резултат на реваншот во Париз и на крајот ги елиминираа по пенали. Но, резултатот падна во втор план – фокусот беше ставен на навивачките испади.
Според извештајот на УЕФА, хрватските фанови извршиле расистички и дискриминаторни дејства, поради што федерацијата изрече казна од вкупно 93.000 евра. Од нив, 32.000 евра се за првиот меч (10.000 за пиротехника, 8.000 за ласери и 14.000 за блокирани приоди), а остатокот за реваншот: 25.000 евра за ново палење пиротехника, 8.000 евра за направена штета, како и дополнителни трошоци за оштетениот „Стад де Франс“.
Но тоа не е сè – следниот домашен натпревар Хрватска ќе го игра без публика, а на првиот натпревар на гости хрватските навивачи нема да можат да купат билети. Санкциите важат за сите мечеви под капата на УЕФА, а дополнително е удрена и нова казна од 30.000 евра за престојното издание на Лигата на нации.
Фото: Hrvatski nogometni savez