УЕФА прогнозираше кој ќе ја освои Лигата на шампионите

by
2 минути читање

УЕФА направи прогноза кој тим ќе го крене големиот пехар од Лигата на шампионите на 3. јуни во Кардиф. Со помош на статистиката од изминатите години, типува дека Барселона ќе ја слави титулата. Интересно, минатата година типуваше дека тоа ќе биде Реал Мадрид и погоди.

Ова се параметрите по кои се води УЕФА во прогнозата:

Прво место во групата

Десет од последните 11 шампиони завршиле на првото место во групата. Исклучок е само Интер во 2010 година кој со победа во последното коло против Рубин Казан дојде до второто место а потоа ја освои Лигата на шампионите.

Според ова ПСЖ, Бенфика, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Реал Мадрид, Порто и Севиља немаат шанси.

Примени голови

Тимот со најдобра одбрана во групната фаза го нема кренато пехарот откако постои овој формат на Лигата на шампионите во 2003. Но шампион не бил ниту тим кој примил повеќе од осум гола во Лигата на шампионите во групната фаза.

Оваа статистика не им одговара на: Јувентус, Атлетико, Дортмунд, Бенфика, Манчестер Сити и Реал Мадрид. 

Искуство

Ниту еден дебитант во ЛШ кој ја поминал групната фаза не стигнал до финалето. Виљареал беше блиску во 2006, но не успеа.

Ова не му одговара само на Лестер кој е единствениот дебитант меѓу 16. екипи.

Историјата на клубот

Во последните 19 сезона само еден клуб успеал да ја освои Лигата на шампионите по прв пат. Тоа беше Челси во 2012 година. Останатите шампиони од овие 19 години и претходно го освојувале најголемиот европски трофеј.

Оваа статистика не им одговара на: Арсенал, Атлетико Мадрид, Лестер, Леверкузен, Манчестер Сити, Монако, Наполи, ПСЖ и Севиља.

Според овие параметри УЕФА прогнозира дека Барселона ќе ја освои Лигата на шампионите. Минатата сезона погоди дека тоа ќе биде Реал Мадрид, па останува да видиме како ќе помине типувањето овој пат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани