УЕФА отвори постапка, Јувентус лажирал документи!

by Стефан
1 минути читање

Европската фудбалска федерација (УЕФА) започна нова истрага против Јувентус поради сомнежи за прекршување на финансискиот фер-плеј, што би можело да донесе сериозни последици за торинскиот клуб.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, „старата дама“ би можела да се соочи со забрана за регистрација на нови фудбалери во сезоната 2026/2027. Причината, според наводите, е наводно фалсификување на годишниот финансиски извештај за периодот кој завршува на 30 јуни 2025 година.

Ова не е првпат Јувентус да се најде под лупа на европската куќа на фудбалот, против клубот веќе се водат две постапки поврзани со финансиските извештаи за сезоните 2022/2023 и 2024/2025.

Очекувањата се УЕФА да го објави исходот од истрагата во март следната година. Од Јувентус, пак, реагираа со став дека моментално нема никакви неправилности во нивното работење.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×