УЕФА го казни Реал Мадрид

by Стефан
1 минути читање

Европската фудбалска федерација (УЕФА) му изрече парична казна на шпанскиот гигант Реал Мадрид во износ од 15.000 евра, поради расистички пораки на одделни навивачи на натпреварот против Арсенал во рамките на Лигата на шампионите.

Освен финансиската санкција, клубот од „Сантијаго Бернабеу“ доби и сериозно предупредување: доколку во наредните 12 месеци се повтори сличен инцидент, ќе биде воведена забрана за присуство на гостински навивачи на еден натпревар во европските натпреварувања.

Со ваквата одлука, УЕФА уште еднаш потврди дека нема да толерира каква било форма на дискриминација и расизам на фудбалските терени и трибини, нагласувајќи дека спортот мора да остане простор на еднаквост и почит.

Фото: Real Madrid C.F/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани