Убава вест за Прилеп, се враќа старата Победа!

by Стефан
1 минути читање

Еден од клубовите со најбогата историја во македонскиот фудбал, прилепска Победа, ја очекува нов почеток. Клубот во новата сезона ќе се натпреварува во најнискиот ранг, Четвртата општинска лига.

Победа зад себе има богата историја, две шампионски титули во македонското првенство, но и незаборавни европски настапи против ривали како Парма и Перуџа. Сега клубот повторно ќе се обиде да изгради стабилна иднина и постепено да се врати на старите патеки.

Според информациите на прилепскиот портал „Маркукуле“, Победа добила нов и сериозен инвеститор, кој наводно има амбициозни планови и сака клубот повторно да го подигне на повисоко ниво.

Во меѓувреме, во Прилеп неодамна беше формиран и нов клуб под името ГФК Победа. Тој не е поврзан со историската Победа, а меѓу основачите се Робертино Илиоски, кој е претседател, како и Игор Стеванов, Роберт Талески, Валентин Колевски и Иванчо Младеноски.

Новоформираниот клуб ќе стартува од Третата македонска фудбалска лига, а тимот од клупата го предводи тренерот Филип Мирчески.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×