На 11 кола до
крајот на англиската Чемпионшиплига, Лидс Јунајтед е во одлична позиција по
долги години да се врати во елитното друштво на англискиот фудбал,
Премиерлигата, а тимот од Еланд Роуд е на второто место кое носи директен
пласман во елитата, на само два бода од лидерот Норвич.
Сепак, борбата ќе
трае веројатно до самиот крај на актуелната сезона, Шефилд јунајтед е близу со
само два бода негатива, а нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски игра во
фантастична форма под водство на Марсело Биелса.
Македонецот игра
во одлична форма, дел од новинарите на Островот говорејќи за формата на
популарниот Џани, подвлекоа дека им делува како да пие по 20 лименки Ред Бул и
потоа не застанува на теренот.
На оваа тема се
одзва и Лидс Јунајтед, кој преку социјалните мрежи испрати една интересна
порака, „Се уште трча“, гласеше пораката на клубот упатувајќи пофалби за
физичката подготвеност на Алиоски.
data-lang="en">