Турско „дерби“ за потписот на Рафаел Леао!

by 24 фудбал
1 минути читање

Галатасарај сериозно тргнува по Рафаел Леао и е подготвен да му понуди договор вреден 10 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси.

Турскиот гигант сака да ја добие битката со големиот ривал Фенербахче, кој исто така во последните денови покажал сериозен интерес за ѕвездата на Милан.

Според последните информации, засега нема официјални контакти меѓу Галатасарај и Милан. Сепак, се очекува италијанскиот клуб да бара сума меѓу 40 и 50 милиони евра за продажба на португалскиот крилен фудбалер.

Леао и понатаму е едно од најзвучните имиња на трансфер пазарот во калчото. Интересот од Турција покажува дека клубовите од оваа земја се подготвуваат амбициозни засилувања и во претстојното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×