102
Второлигашот од
Турција, Елазигспор постави нов рекорд откако потпишаа со 22 фудбалери во помалку
од два часа во последниот ден од зимскиот преоден рок.
Звучи
неверојатно, но Елазигспор имаше доволно време за да донесе 22 нови фудбалери,
од кои 12 пристигнаа со перманентни договори, а 10 се позајмени.
„Би сакал да им
се заблагодарам на сите кои учествуваа во сево ова, додека бевме во преговори со куќата на
фудбалот во Турција за да се тргне суспензијата за трансфери, истовремено преговаравме
со посакуваните фудбалери, во моментот кога добивме дозвола за трансфери,
успеавме да ги контактираме фудбалерите и да ги комплетираме трансферите во
само два часа“ рече претседателот на клубот, Селчук Озтурк.