Турската
фудбалска ѕвезда направи голем скандал откако го нападна познатиот турски пејач
Беркај Шахин, притоа нанесувајќи му скршеница на носот по една расправија во
познат ноќен клуб во Истанбул.
Веднаш потоа
Туран отишол во болницата каде бил сместен Беркај, наводно за да му се извини,
а тогашните шпекулации велеа дека побарал од сопругата на познатиот пејач да го
убие со пиштолот кој го носел во тој момент со себе, свесен за големиот скандал
кој го направил.
Туран се соочува
со четири тешки дела на судското рочиште против него кое стартуваше токму
денеска, на кое се појави и самиот фудбалер на Истанбул Башакшехир.
Во обвинението
против Арда постојат дела за сексуално вознемирување, за истото според турските
закони се добива казна до пет години, потоа нанесување телесни повреди, до
четири години, носење оружје во болница, до три години, како и поседување на
оружје на нелегален начин, од една до три години.
Максималната
казна која Арда би можел да ја добие во случајот против него изнесува
максимални 12 ипол години затвор, а минималната е три години.
Како за
потсетување, инцидентот се случи ланскиот октомври, а тв-медиумите објавија
снимки од немилиот настан… Како причина поради која настанал инцидентот,
тогаш се наведуваше дека Туран флертувал со сопругата на пејачот, кој во
болницата одбил да го убие на барање токму на Арда, по што фудбалерот испукал
куршум во воздух.