1,4K
Проблем за ПСЖ е повредата на Нејмар која ја заработи на куп дуелот со Стразбург. Тој го повреди зглобот и се уште е нејасно дали ќе игра против Манчестер јунајтед кој е во налет. Тухел вели дека мали се шансите за тоа.
„Ќе биде многу тешко тој да игра против Јунајтед, тоа е јасно“, вели Тухел.
„Немам потврда за нови дијагнози. Како што објаснив и претходно, прерано е да зборуваме за дата за враќање“.
„Треба да почекаме да помине првата недела што е многу важно и да ја видиме ракцијата на третманот. Потоа ќе бидеме попрецизни, но ќе биде многу тешко тој да биде подготвен за дуелот со Јунајтед. Не е тајна“.