Тудор: Во лоша форма сме, но не сум загрижен за мојата иднина

by riste
1 минути читање

Јувентус синоќа со пораз се врати од гостувањето кај Лацио и врзаа осум меча без победа во сите натпреварувања од кои последните три се порази.

Се погласно се шпекулира за тренерска смена во Јувентус, но Игор Тудор не е многу загрижен за тоа.

„Во лошо момент сме, тежок момент, треба да останеме обединети и да работиме заедно. Има разочарување бидејќи мислам дека се подготвивме на висистински начин, но секогаш ни недостасува нешто. Ќе дојдеме до шеснаесетникот и не ја ставаме топката во мрежата“, вели Тудор.

„Си кажуваме да не правиме грешки, но секогаш има грешка и ги губиме натпреварите. Се чувствуваме ужасно, но треба да се држиме заедно“.

„Луѓето продолжуваат да ме прашуваат дали се чувствувам безбедно или загрижено, но јас не мислам на себе. Не сум загрижен за мојата иднина, она за што се грижам е да ги подобрам работите и покрај сите проблеми. Мојата иднина воопшто не ме интересира“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×