45
Натпреварот меѓу Арсими и Силекс, кој денеска во Гостивар заврши со реми од 1-1, беше привремено прекинат поради тешката повреда на домашниот фудбалер Диего Контрерас, кој, според првичните информации, ја скршил ногата.
Контрерас се повреди по дуелот со Шуберт, по што падна во казнениот простор и остана да лежи на теренот. Медицинските екипи веднаш реагираа и му укажаа прва помош, а потоа фудбалерот беше изнесен од теренот со возило на Итната медицинска помош.
Играчот на Арсими беше пренесен во болница, каде што ќе бидат извршени дополнителни прегледи за да се утврди степенот на повредата и неговата здравствена состојба.