Тудор и Лацио се разделуваат по само три месеци

by bojan
1 минути читање
Игор Тудор

Неколку извори од Италија објавија дека Игор Тудор и Лацио не успеале да ги испеглаат разликите, па решиле да се разделат по неполни три месеци.

Кратко траеше авантурата на Игор Тудор на кормилото на Лацио, по неполни три месеци, Хрватот ги напушта „бјанкочелестите“.

Изминативе денови беа одржани серија состаноци со цел да се испеглаат разликите и гледиштата околку настапот на трансфер пазарот и тоа како треба да изгледа составот за новата сезона.

Откако двете страни не успеале да пронајдат компромис, решиле дека е најдобро да се разделат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани