Трпението заврши, Горица му даде отказ на Ангеловски

by
1 минути читање

Ангеловски не успеа да забележи ниту една победа во 10 лигашки меча, имаше само две нерешени средби и осум порази. Горица е закована на дното на табелата, па тренерската смена беше само прашање на време.

Неодамна беше соопштено дека клубот му дава поддршка на Ангеловски, дури го именува и за спортски директор, но брзо се променија работите.

„Претседателот Ненад Чрнко го разреши господинот Игор Ангеловски од функцијата тренер и спортски директор на Горица. Одлуката за прекин на соработката донесена е по поразот во 16. коло од хрватската прва лига од Истра. Му заблагодаруваме на досегашниот тренер за соработката во неполни три месеци, колку што мина на клупата на Горица“, соопшти хрватскиот клуб.

Во еден момент поради лошите резултати Ангеловски и сам си поднесе оставка, но тогаш раководството на клубот не ја прифати. Сепак нивното трпение заврши, во продолжението од сезоната ќе се обидат да се спасат со друг тренер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани