Трпението на Марез со Лестер заврши, Алжирецот побарал да си замине, а клубот постави луда цена до Манчестер Сити

by
1 минути читање

Повеќе медиуми на
Островот пренесоа дека Манчестер Сити испратил понуда вредна 68 милиони евра за
фудбалерот на Лестер, Ријад Марез.

Според информациите,
Лестер наводно ја одбил истата, а поставил цена во висина од 102 милиони евра
за својот фудбалер доколку Сити сака овој трансфер да биде реализиран.

Наводно
Алжирецот повеќе не е задоволен во тимот на поранешниот шампион на Англија и
побарал да си замине, со тоа што поднел официјално барање за трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани