„Топчиите“ сакаат овој месец да донесат нов офанзивен фудбалер, Михајло Мудрик од Шахтар беше прва желба, но Челси го украде Украинецот па Арсенал сега се насочува кон други цели.
Леонардо Тросар од Брајтон е идентификуван како планот Б, и како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, клубот од Северен Лондон веќе се договорил со фудбалерот од Белгија.
Арсенал сега води преговори со Брајтон и се верува дека двата клуба во скоро време ќе си подадат рака за зделка вредна околу 20 милиони фунти.
Леонардо Тросар во моментов тренира сам откако се скара со тренерот Де Зерби поради желбата да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.