Распоредот на Брегалница, Охрид, Скопје и Шкендија (А) во последните кола – ќе биде неизвесно до крај!

by riste
1 минути читање

Првите четири екипи во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) се распоредени во само два бода. Брегалница е прва со 55, а по неа се Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново со по 53 бодови.

До крајот на сезоната има уште шест кола, првиот обезбедува директен пласман во Првата лига, вториот и третиот ќе играат бараж меч со прволигаши, а четвртиот ќе си ја побара среќата следната сезона.

Брегалница, Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново ќе се борат за секој бод во преостанатите натпревари, а погледнете како изгледаат нивните распореди до крајот на сезоната.

БРЕГАЛНИЦА
Детонит (гости)
Слога Виница (дома)
Беласица (гости)
Шкендија Арачиново (дома)
Осогово (гости)
Победа (дома)

ОХРИД
Преспа (дома)
Тетекс (гости)
Скопје (гости)
Големо Коњари (дома)
Детонит (гости)
Слога Виница (дома)

СКОПЈЕ
Каменица Саса (дома)
Преспа (гости)
Охрид (дома)
Тетекс (гости)
Големо Коњари (гости)
Детонит (дома)

ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО
Победа (дома)
Кожуф (гости)
Вардар Неготино (дома)
Брегалница (гости)
Новаци (дома)
Каменица Саса (гости)

Од распоредот може да се види дека сите четири екипи имаат по едно големо дерби во преостанатиот дел од сезоната.

Охрид и Шкендија Арачиново имаат обврски и во Купот на Македонија, двете екипи стигнаа до полуфиналето.

Фото: ФК Брегалница

Можно е и ова да ти се допаѓа

×