Тричковски погоди и се одвои на еден гол од Скопјанецот Садик на листата на стрелците на Кипар (ВИДЕО)

by
0 минути читање

АЕК Ларнака
одигра 1-1 на домашен терен против Анортозис, со тоа што водечкиот гол за
домаќините го постигна нашиот 34 годишен интернационалец Иван Тричковски.

Популарниот „Тричко“
во 52 минута ја затресе мрежата од голот на противникот, постигнувајќи го
својот десети гол сезонава, со тоа што се одвои на гол предност од Скопјанецот
Берат Садик (Докса), кој инаку игра за националниот тим на Финска, на листата
на стрелците во тоа првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×