Тричковски ја продолжи соработката со АЕК Ларнака

by
1 минути читање

34 годишниот Иван
Тричковски ќе продолжи во дресот на АЕК Ларнака и по крајот на актуелната
сезона, откако од кипарскиот клуб објавија дека постигнат е договор за
продолжување на соработката со Македонецот.

Популарниот „Тричко“
е дел од АЕК Ларнака од 2016 година, а за овој клуб досега успеа да постигне 89
погодоци на 145 натпревари. Од АЕК Ларнака повеќе детали најавија во текот на утрешниот ден.

АЕК Ларнака со
задоволство може да извести дека е постигнат договор за продолжување на соработката
со капитенот Иван Тричковски, повеќе детали во текот на утрешниот ден, откако
ќе бидат потпишани документите
“ стои во соопштението на Кипраните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани