Жил Кунде би можел да го напушти „Камп Ноу“, Французинот е во бележникот на Ливерпул, Челси и Баерн Минхен, во исто време Барселона се поврзува со ангажман на Иван Фреснеда од Спортинг Лисабон.
Жил Кунде падна во втор план кај Ханси Флик, тренерот на Барса го преферира Ерик Гарсија како стартер за десната бековска позиција, па ова ја отвори вратата за трансфер на Французинот.
Се шпекулира дека три гиганти го меркаат Жил Кунде, тој е во бележникот на Ливерпул, Челси и Баерн Минхен, кои се подготвени да инвестираат 60 милиони евра за негов ангажман.
Барса е свесна дека може да остане без десниот бек, па разгледуваат неколку опции за засилување на тимот, а на врвот на листата со желби е Иван Фреснеда.
„Каталонците“ се обидоа да го ангажираат играчот и пред три години, но тогаш Спортинг достави подобра понуда и тој се пресели во Лисабон.
Иван Фреснеда значително напредуваше во Португалија, стана дел и од плановите на Луис де ла Фуенте, а се наметна и највиско ниво во Лигата на шампионите.
Неговата откупна клаузула е 80 милиони евра, но со договор до јуни 2028 и без абер дека соработката ќе продолжи, Спортинг летоска сигурно ќе прифати пониска понуда.