Тренерот на Торино: Привилегија е да се има Еламс, тој може да биде лидер на тимот

by bojan
1 минути читање
Елмас

Тренерот на Торино, Паоло Ваноли имаше многу пофални зборови за Елиф Елмас, вели дека Македонецот носи многу квалитет и може да биде лидер на тимот.

Минатиот месец, Елиф Елмас се врати во Серија А и потпиша со Торино. Откако не доби шанса против Аталанта и Џенова, Македонецот влезе во игра против Болоња и веднаш постигна прекрасен гол.

„Привилегија е да се има Елмас“ – вели тренерот на Торино, Паоло Ваноли во пресрет на утрешниот натпревар против Милан..

„Тој носи многу квалитет, важен играч и тактички и технички. Исто така може да биде лидер на тимот, па кога ни се укажа шанса да го ангажираме, моравме да ја искористиме“.

Запрашан дали Македонецот може да биде стартер против „росонерите“, Паоло Ваноли рече: „Секој што добива повик може да биде статер. Знам дека многумина сакаа веднаш да го пуштам Елмас во игра, но преферирав да почекаме две недели за да влезе во добар ритам“.

„Ако утре влезе од клупата, ќе може да даде допринос како на мечот со Болоња. Доколку добие шанса од првата минута, знам дека нема енергија во нозете за 90 минути“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани