Тренерот на Свонси објасни зошто му го побарал дресот на трагичарот на Арсенал

by
1 минути читање

Свонси синоќа славеше со
3-1 над Арсенал пред своја публика, а најголем трагичар во гостинските редови
беше голманот Петр Чех кој при една катастрофална грешка донесе пресврт за
домаќините.

По мечот, Чехот за
момент беше изненаден откако шефот на стручниот штаб на Свонси, Карлос Карвахал
му го побарал дресот, тој притоа даде и објаснување за неговиот потег.

Мојот 20 годишен син е
голем фудбалски фан, никогаш не побарал од мене дрес на некој фудбалер
претходно, но за овој натпревар ме праша доколку можам да го добијам дресот на
Петр Чех. Му одговорив дека не знам дали ќе се случи тоа, од причина што не го
знам лично Чех, но тој е одличен голман и пред се
добар човек, многу љубезно ми го даде неговиот дрес“ рече
португалскиот стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани