Тренерот на Нант го провоцира Јувентус: Ако загубите, тоа ќе биде големо понижување

by
1 минути читање

Нант се избори за
реми 1-1 на гостувањето во Торино на првиот натпревар, но Јувентус и понатаму е
фаворит за прогрес во осминафиналето во Лига Европа.

„Веќе приредивме
изненадување со ремито во Торино, сега сакаме да направиме уште едно и да одиме
понатаму“
– вели тренерот на Нант, Антоан Комбуаре.

„Би рекол дека
имаме само 20% шанси за прогрес, но ќе го дадеме максимумот. Јувентус е
фаворит, со тренер како Алегри, кој е еден од најдобрите во светот и навикнат
на вакви натпревари“.

„Нант нема што да
загуби, додека пак елиминацјата за Јувентус ќе биде понижување. Ова е нашата
шанса да станеме дел од легендите на клубот. Минатата сезона имавме неколку луди
резултати како победи над ПСЖ, Монако и триумфот во Купот на Франција“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани