Тренерот на Динамо Загреб е среќен што не важи правилото гол во гости

by
1 минути читање

Динамо Загреб се чини дека очекуваше лесно да се справи со Шкупи, но наиде на неочекуван отпор. Не успеа да победи на Максимир, па сега ќе мора да триумфира на реваншот во Скопје за да избегне шокантна елиминација.

„И во изјава пред натпреварот реков дека секој меч е за себе и нема да биде лесно. Се покажаа цврсти во дуелите, но прелесно ги примивме двата гола. Дојдовме до водство, доминиравме во второто полувреме, практично не влегоа во шеснаесетникот. Но тешко е да се очекува добар резултат кога не направивме многу“, вели тренерот Чачиќ.

„Се игра уште еден натпревар, се е отворено. Предност е што не важи правилото гол во гости. Имаме цела недела пред себе да се подготвиме. Правме премногу грешки“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани