Пред два дена
веќе излезе последна информација дека Саутемптон планира да го купи Миовски и
дека Абердин нема да може да одолее на понудата од скоро четири милиони фунти,
но барем засега официјална понуда нема во последната недела од овој летен
преоден рок.
И откако Миовски
вчера го спаси Абердин со гол од пенал во стота минута на гости кај Сент Мирен
(2-2), три дена откако со гол и асистенција извлече реми кај Хакен во плејофот
во Лига Европа (2-2), тренерот на славниот шкотски клуб Бери Робсон е убеден
дека македонскиот репрезентативец ќе остане.
„Ептен сум убеден
дека Миовски останува“, рече Робсон после мечот со Сент Мирен.
Македонскиот
репрезентативец има пет гола и две асистенции од стартот на сезоната, а лани во
својата прва сезона за Абердин даде 18 гола.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.