Во пресрет на мечот од Втората македонска фудбалска лига меѓу ФК Локомотива Пехчево од Скопје и ФК Беласица од Струмица се случил инцидент. Гостите биле физички нападнати, а добиле и сериозни закани од вооружени лица.
„Скандал пред почетокот на натпреварот од ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!!!“, се вели во соопштението на Беласица.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.