Македонскиот репрезентативец конечно пронајде нов клуб и тоа не било кој, Трајковски оваа сезона ќе игра за сплитски Хајдук.
Според информациите од Италија, интерес за Македонецот имало и од Динамо Загреб, но Трајковски преферирал преселба во Далмација.
Наводно постигнат е договор, остануваат уште формалностите, да ги помине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот.
Трајковски за Хајдук ќе потпише како слободен играч откако му истече договорот со Ал Фајха од Саудиска Арабија.
Играчот кој ја расплака Италија во Палермо се враќа во хрватското првенство. Тој во сезоната 2010/2011 настапуваше за Интер Запрешиќ од каде тргна по западот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.