Трајковски можеше да се прослави од слободен удар, Палермо се избори за 1-1 (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Откако не
обезбеди место кое директно води во елитата, Палермо сега ќе се обиде да се
врати во Серија А преку плеј-офот. Вечерва се одигра првиот натпревар од
полуфиналето, „Сицилијанците“ се изборија за 1-1 на гостувањето кај Венеција.

Александар
Трајковски, кој беше стартер, можеше да се прослави со прекрасен гол, но
неговиот слободен удар од 25 метри беше одбранет со крајни напори од страна на
голманот на домаќините.

Палермо поведе во
53. минута, Ла Гумина ги донесе гостите во предност, но радоста кратко траеше,
Венеција во 57. минуа изедначи на 1-1 преку Марсура.

Илија Несторовски
мечот го започна од клупата, доби шанса во завршницата токму на местото на
Александар Трајковски, но немаше ниту прилики ниту
време за да направи нешто.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани