Трагичен крај за Партизан, дома загубија од Шериф и завршија со Европа за оваа сезона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Партизан победи во Молдавија со 1-0, па никој не му предвидуваше ваков крај, особено не откако по 13 минути игра денеска со гол на Менинг поведоа со 1-0.

До крајот на првото полувреме Шериф направи комплетен пресврт со головите на Бадоло во 22. минута и Диоп во 45.

По две минути игра во второто полувреме Диоп даде уште еден гол и ги постави конечните 3-1 за Шериф.

Покрај Шериф, понатаму оди и Лацио кој одигра 0-0 на гостувањето кај Клуж, но во Рим славеше со 1-0. Ист беше случајот и со АЕК Ларнака на Тричковски кој одигра  0-0 кај Днипро, но дома победи со 1-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани