87
Тотре се збогува со Тирана, неговата следна дестинација е украинскиот клуб Ворскла каде што член е и Ѓоко Зајков.
Според информациите Тотре и Ворскла потпишале тригодишен договор кој ќе биде комплетиран откако фудбалерот ќе ги помине медицинските прегледи.
Ворскла во моментов функционира од Полска поради војната која се случува во Украина.
Тотре е поранешен фудбалер на Шкендија, кој остана без место во репрезентацијата за Еуро 2020 откако тетовци „го казнија“ да не конкурира за мечевите во пролетниот дел од сезоната бидејќи не сакаше да го продолжи договорот со нив.