58
Љоренте е замената за Хари Кејн кој до март ќе биде отсутен од теренот. Шпанскиот напаѓач уште во 17. минута постигна гол но во својата мрежа и му донесе водство на Фулам од 1-0.
По шест минути игра во второто полувреме, Деле Али погоди со глава за изедначување на 1-1, се чинеше дека со тој резултат ќе заврши и мечот.
Но, во 93. минута Винкс исто така со глава постигна гол за комплетен пресврт и големи три бода за Тотнем во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.