Фудбалерот од
средниот ред на ПСЖ, Адриен Рабио наводно ја одбил Тотенхем, а според
информациите кои ги објави Л’Екип, се вели дека 23 годишниот
фудбалер посакува трансфер во Ливерпул.
Иако за Рабио
долг период се најавуваше дека е пред трансфер во Барселона, сега претходно
наведениот медиум пишува дека желбата да ги засили редовите на тимот на Јирген
Клоп е висока кај самиот Рабио.
Актуелниот
важечки договор на Рабио со ПСЖ истекува во летниот преоден рок, а тоа му
остава простор да преговара со заинтересираните екипи за неговите услуги уште
во овој јануарски преоден рок.
Поранешните
соиграчи на Рабио, Орие и Мура, кои моментално се дел од тимот на Тотенхем, се
обиделе да го убедат да потпише за Тотенхем, но истите обиди биле неуспешни, се
чини дека и Барселона повеќе не е опција, откако Каталонците го ангажираа
Френки де Јонг.