79
20 годишниот
македонски интернационалец Давид Тошевски дебитираше со гол во дресот на Горњик
Жабже, тим каде се пресели на позајмица од руски Ростов во летниот преоден рок.
Горњик славеше со
2-0 на домашен терен против Радомлак, а со тоа прогресираше во 16 финалето од
националниот Куп на Полска, почетното водство на фаворитот го донесе токму
нашиот фудбалер со гол во 39 минута, а на полувремето Македонецот беше заменет
со легендарниот германски фудбалер Лукас Подолски.
Позајмицата на
Тошевски во Горњик е за актуелната сезона, а клубот од Полска има опција и да
го откупи неговиот договор идното лето.