Тод Боли не го плаши цената од 150 милиони евра, Челси летоска повторно ќе руши рекорди за да го ангажира Осимен

by
1 минути читање

Челси летоска ќе
донесе нов напаѓач, на радарот има неколку имиња, а Виктор Осимен од Наполи се
гледа како идеално засилување, голгетерот од Нигерија има се што бараат
„сините“.

„Наполитанците“
нема лесно да се откажат од својата ѕвезда и се верува дека Аурелио Де
Лаурентис бара 150 милиони евра за продажба.

Тод Боли, кој
инвестираше преку 600 милиони евра во засилувања откако стана газда на Челси,
не се плаши од ваква сума и е подготвен одново да го собори трансфер рекордот.

Челси сепак ќе се
обиде да не ја плати сумата од 150 милиони евра во кеш и во целата зделка да
вметне некој фудбалер, се шпекулира дека Ромелу Лукаку ќе биде понуден на
Наполи како дел од трансферот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×