126
Aмериканците имаа моќен старт на Мундијалот и со 4-1 го прегазија Парагвај, па еуфоријата кај еден од организаторите на Светското првенство сигурно е поголема.
Работата домашната селекција ја заврши уште во првото полувреме кога беа постигнати три погодоци, а имаше и еден поништен поради офсајд.
Како одигра САД доволно зборува податокот дека за првпат во својата историја оваа репрезентација постигна четири гола на натпревар од Светско првенство.
Секако, најголемите заслуги за ваквата игра на Американците се препишуваат на Маурисио Покетино.