Викендов се одиграа натпревари во сите региони во Третата македонска фудбалска лига.
Во западниот регион Тетекс ја зголеми предноста и сега е на огромни „плус 10“ во однос на второпласираниот Влазрими 1977. Притоа, „штофарите“ имаат меч помалку на контото.
Резултати од 21. коло во Трета лига – Запад:
Џепчиште – Доброште 6-3
Тетекс – Вардар 2022 7-2
Влазрими 1977 – Ренова 4-5
Влазрими (Сл) – Љуботен 1-2
Зајас – Напредок 1-2
Речица 3-2
Табела: Тетекс (53*), Влазрими 1977 (43), Џепчиште (37*), Камењане (31*), Речица (30), Дрита (29*), Напредок (25*), Ренова (23*), Влазрими (20), Вардар 2022 (20), Доброште (20), Зајас (19*), Љуботен (18*)
Во Југозападниот регион лидерот Преспа одигра нерешено против ЕТ Онлајн (2-2), а Кораб не го искористи тоа и загуби од Влазними (3-0). Победа забележа третопласираната Сатеска и тоа славеше со 3-6 против Караорман.
Резултати од 17. коло во Трета лига – Југозапад:
Влазними – Кораб 3-0
Кравари – Света Троица 4-0
Велешта Јунајтед – Демир Хисар 3-2
ЕТ Онлајн – Преспа 2-2
Караорман – Сатеска 3-6
Табела: Преспа (39*), Кораб (31), Сатеска (29*), Кравари (28), ЕТ Онлајн (28*), Караорман (24*), Влазними (22), Славен (21*), Велешта (17*), Света Троица (13), Демир Хисар (13)
Екипата на Големо Коњари ја задржа предноста пред Превалец во регионот на Југот со победата против Башкими кој сега падна на третото место.
Резултати од 23. коло во Трета лига – Југ:
Росоман – Превалец 1-3
Венец – Бучин 2-0
Слога 1976 – Ултрас 3-3
Големо Коњари – Башкими 2008 4-0
Дреново – Влазними Јуниор 3-2
Табела: Големо Коњари (51), Превалец (44*), Башкими (41), Младост(36*), Венец (34), Росоман (32*), Ултрас (32), Бучин (22), Питу Гули (21*), Дреново (14*), Слога (14), Влазними Јуниор (11*)
На Северот убедлива победа забележа првопласираната Шкендија Арачиново, Фортуна го доби дербито со Куманово, а изненадувачки порази претрпеа Аеродром и Еуромилк Горно Лисиче.
Резултати од 22. коло во Трета лига – Север:
Ржаничини – БВК Коњаре 1-1
Башкими – Њу Старс 0-1
Академија Илинден – Аеродром 3-2
Беса Влазрими – Шкендија 0-5
Фортуна – Куманово 1-0
Ринија – Пчиња 0-1
Еуромилк ГЛ – Кадино 1-2
Табела: Шкендија (61), Фортуна (42), Аеродром (37), Еуромилк (36), Куманово (29), БВК Коњаре (29), Ржаничино (29), Кадино (28), Пчиња (27), Беса Влазрими (27), Ринија (25), Башкими (24), Академија Илинден (24), Њу Старс (21)
Во Источниот регион веќе сигурната Слога Виница пак стигна до нова победа. Изненадување приреди „фенерџијата“ Тиверија победувајќи го третопласираниот тим Овче Поле.
Резултати од 16. коло во Трета лига – Исток:
Дојранско Езеро – Слога Виница 0-4
Ударник – Светлост 2-1
Карбинци – Брегалница 1926 0-0
Овче Поле – Тиверија 1-3
Хоризонт Турново – Малеш 1-0
Табела: Слога 1934 (45), Брегалница 1926 (28), Овче Поле (24), Хоризонт Турново (22), Карбинци (21), Дојранско Езеро (21), Малеш (19), Светлост (18), Ударник (14), Тиверија (11)