Тинејџер на Шамрок испиша историја во европските натпреварувања

by Стефан
1 минути читање

Младиот 16-годишен фудбалер на Шамрок Роверс, Мајл Нунан испиша историја во европските клупски натпреварувања со денешниот погодок кој го постигна против Молде во Конференциската лига.

Шамрок беше подобар со 1:0 од Молде и единствениот гол на овој натпревар беше дело на Нунан.

Голот Ирецот го постигна со само 16 години и 187 дена и така стана најмладиот стрелец во едно европско клупско натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани