Тимот губеше, па сопственикот на клубот постави рекорд: На 61 година влезе во игра

by Стефан
1 минути читање

Аурелијан Гиша, сопственикот на романскиот клуб Санататеа Клуж, испиша историја во романскиот фудбал станувајќи највозрасниот играч што заиграл на еден натпревар од официјално натпреварување. Имено, Гиша одлучи лично да влезе во игра во Куп-дуелот меѓу неговата Санататеа и Университатеа Крајова.

Како што и се очекуваше, Университатеа беше убедлива на гостувањето и славеше со 4:1. Кога исходот веќе беше решен, сопственикот на клубот реши и самиот да се најде во центарот на вниманието. Во 89. минута, на изненадување на сите присутни, 61-годишниот Гиша облече дрес и влезе на терен, одигрувајќи неколку минути, доволно за да постави нов рекорд во романскиот фудбал.

Инаку, Гиша е поранешен напаѓач токму на овој клуб. Играчката кариера ја заврши во 2009 година, а сега 16 години подоцна повторно се врати на тревникот, овојпат како сопственик и рекордер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×