Тимо Вернер го впери прстот кон Тухел и Лукаку за неуспешната авантура во Челси: Кога за 120 милиони ќе донесете напаѓач…

by
1 минути читање

Тимо Вернер
блескаше во Бундеслигата во дресот на РБ Лајпциг, си обезбеди трансфер во Челси
вреден околу 60 милиони евра, но не се снајде на „Стемфорд Бриџ“ и по две сезони
во Лондон, се врати во Германија.

Во разговор со
Сан, напаѓачот сега откри зошто неговата авантура во дресот на „сините“ не била
успешна.

„Првите шест
месеци во Челси бев многу добар, тоа го очекуваа навивачите и клубот. Постигнував
голови, прикажував добри партии. Во првата сезона играв речиси на сите натпревари,
ја освоив Лигата на шампиони, погодив против Реал Мадрид во полуфиналето, придонесов
за многу голови. Но тренерот како да го заборави сето ова, и тоа не беше фер.
Ова е една од причините поради кои се вратив во Лајпциг, за повторно да уживам“
– вели Тимо Вернер.

„Најголем проблем
беше тоа што Тухел во форот стави напаѓач како Лукаку во втората сезона. Тоа
беше проблем за мене, во нападот да игра навистина добар фудбалер за кого беа
платени 120 милиони евра“.

„Ромелу мораше да
игра со оглед на сумата која ја платија за него и јас сметав дека клубот не
покажува доволно почитување кон мене. Можеби затоа имав падови и подеми во
формата“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×