Тиквеш тргна „офанзивно“ на пазарот, промовира четири нови имиња

by 24 фудбал
1 минути читање

ГФК Тиквеш со новата управа тргна во градење на ростерот за следната сезона. Кавадарчани веќе официјализираа неколку имиња, а на списокот на засилувања се Дарко Илиески, Стефан Тасев, Христијан Стевковски и Кристијан Ацковски.

Дарко Илиески е искусен стопер кој последно играше во Албанија, а претходно беше дел од клубови во Таџикистан, Словенија и Ерменија. Во домашниот шампионат има настапувано за Пелистер, Струга, Борец, Победа, Металург и 11 Октомври.

Стефан Тасев е голман кој доаѓа од Дунав Русе, каде го имаше првото меѓународно искуство. Претходно беше дел од неколку македонски клубови и ќе конкурира меѓу стативите.

Христијан Стевковски е играч од средниот ред, кој се обврза на соработка за наредните две сезони. Во кариерата има настапи за Работнички и Скопје.

Кристијан Ацковски е бек кој пристигна од романскиот Корвинул. На домашната сцена има играно за Борец, Брегалница, Шкупи и Работнички.

Тиквеш продолжува со пазарот и во следните денови се очекуваат уште нови имиња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×