Ден пред официјалниот старт на подготовките за новата сезона, Тиквеш се заблагодари на шестмина играчи кои во изминатиот период беа дел од тимот и помогнаа клубот да го задржи прволигашкиот статус.
Од редовите на кавадаречкиот прволигаш си заминуваат Благоја Спиркоски, Алмир Цубара, Оливер Стоименовски, Давид Манасиевски, Филип Купанов и Арби Воша. Сите тие имаа забележителна улога во последните сезони, а клубот им се заблагодари за посветеноста и им посака среќа во понатамошната кариера.
Во официјалното соопштение, Тиквеш изрази благодарност за соработката и професионалниот однос на играчите кои повеќе нема да бидат дел од тимот.
Подготовките за сезоната 2025/26 почнуваат в четврток, а Тиквеш веќе работи на комплетирање на ростерот. Нов член на екипата е Стефан Тасев, а наскоро се очекуваат и потписите на Дарко Илиески и Кристијан Ацковски.