35
Исклучително ефикасно отворање на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Тиквеш со 5-1 го победи Арсими, дури пет од шестте гола паднаа во првиот дел.
Серијата погодоци ја отвори Лавал уште во 18. минута, а помалку од десетина минути поминаа кога Сила зголеми на 2-0.
Во 33. минута Рамадани постигна прекрасен гол и намали на 1-2. Во тие моменти се чинеше дека Арсими е вратен во игра и ќе има неизвесен натпрвар, но не беше така.
Течеше 36. минута кога Лавал пак даде гол и донесе водство на Тиквеш од 3-1, а до крајот на полувремето втор гол даде и Сила за 4-1.
Конечните 5-1 ги постави Сила кој комплетираше хет-трик. Тоа беше и единствениот гол во второто полувреме.