Марко Алчевски се врати во Македонија, ќе брани за Тиквеш

by Стефан
0 минути читање

Екипата на Тиквеш денеска потврди ново засилување во своите редови и тоа на голманската позиција каде што пристигнува Марко Алчевески.

За 24-годишниот чувар на мрежата трансферот во Тиквеш е враќање во Македонија по сезоните во ОФК Белград и израелскиот Ерусалим каде што бранеше минатата сезоната.

Во Македонија Алчевски ја почна кариерата во Брера, а бранеше уште и за Борец од Велес.

Своевремено беше и младински репрезентативец на Македонија и за селекцијата до 21 година собра 17 настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×