Тиквеш го претстави германскиот инвеститор: Во Кавадарци имаат големи амбиции!

by Стефан
1 минути читање

На стартот од подготовките за новата сезона, Тиквеш одржа прес-конференција на која официјално го претстави германскиот инвеститор Осман Таш.

Новиот сопственик најави засилувања кои треба да го направат тимот од Кавадарци поконкурентен и со поголеми амбиции во Првата македонска фудбалска лига.

„Пред почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, новиот газда акцент става на модернизација на тренажниот процес, професионален пристап кон фудбалерите, со максимална посветеност и влог во младите категории, за остварување на што подобри резултати во иднина, гледајќи го клубот во европските натпреварувања. Исто така најави отварање на голем фан-шоп во центарот на Кавадарци во соработка со навивачката група Лозари-Исток“, објавија од Тиквеш.

Подготовките започнуваат на Градскиот стадион во Кавадарци во 18 часот, а од 15 до 25 јули тимот ќе се пресели во Турција за интензивен тренинг камп пред почетокот на новата сезона.

ции

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×